ЈАПОНИЈА
Национален Систем на Здравствено осигурување


Д-р Натали Димовска
Фонд за Здравствено
Осигурување на Македонија

 

Системот на здравствено осигурување во Јапонија е поделен на три система :
-Систем на работничко здравствено осигурување и
-Кокухо систем
-Систем на здравствено осигурување на стари лица( над 70 години ) – заеднички финасиран од првите два система

Здравственото осигурување во јапонија може да биде :
- на индивидуална основа и
- осигурување на цело семејство

1 . Системот на работничко здравствено осигурување е потоа поделено на подсистеми од различен тип , како што се :

- Систем на здравствено осигурување на работници од помалите бизниси – овој ситем е финасиран од владата
-Шахо
(Shaho) Систем – Систем на здравствено осигурување на работниците во големите коорпорации .
–Заеднички организации за помош на јавните работници , учителите …итн.

2 . Кокухо ( Kokuho ) Системот се однесува на фармери , само-вработени , пензионирани работници од првиот систем …итн.

3 . Систем на здравствено осигурување на стари лица ( над 70 години ) – заеднички финансиран од првите два система


Системот на здравствено осигурување е во принцип финасиран од платите на самите осигуреници , но додатно , националната или локалните влади моат да донираат некои средства како помош во осирурувањето . Сето тоа зависи од финансиската моќ на владиниот буџет .
Владата одделува помалку средств за Шахо системот на големите коорпорации , бидејќи тие се доволно богати за да си обезбедат здравствено осигурување на своите вработени , а додека на Кокухо системот и на системот на вработените во помалите фирми – таму владата одделува повеќе средства како помош на здравствено осигурување на вработените .

Генерално , во принцип , и работодавачите и вработените делат еднакви донации во системот на здравствено осигурување во висина од 8,5 % од платата на вработениот .

Кокухо осигурителниот систем се базира исто така и на :
- бројот на членовите на семејството и
- на висината на примањата на целото семејство .


Табела 1 - Приказ на Системот на Национална Здравствена Заштита .

Систем

Група на граѓани

Доплата

Додадена доплата за препишани лекови

Систем на работничко здравствено осигурување


-Вработени во помали фирми
-Вработени во големи коорпорации
-Вработени на дневница (времено вработени )
-Вработени во државната и локалната администрација
-Учители од приватните училишта и нивниот персонал


Индивидуално осигуран : 20%

Семејно осигуран :
Носител на осигурувањее :
20%
Член на семејството – корисник на семејното осигурување
: 30%



Лек даден орално :

еден = 0 јени на ден
2-3 = 30 на ден
4-5 = 60 јени на ден
6 или повеќе = 100 јени на ден

Врвни лекови :

еден = 50 јени на ден
два = 100 јени на ден
три или повеќе = 150 јени на ден






Kokuho

Кокухо Систем на здравствено осигурување




-Вработени во земјоделието
-Само-вработени
–Пензионирани работници од првиот систем


Индивидуално осигуран
: 20%

Семејно осигуран :
Носител на осигурувањее :
20%
Член на семејството – корисник на семејното осигурување
: 30%



Систем на здравствено осигурување на стари лица над 70 години




Над 70 години , вклучувајќи ги и старите лица прикрепени за кревет со старост над 65години


Семејно осигуран :

Носител на осигурувањее : 1.100 јени на ден

Член на семејството – корисник на семејното осигурување
: -2.000 јени на ден

Пациенти со ниски примања – 500 јени на ден



 

Методи на плаќање на медицинските трошоци

 

Пациентите во Јапонија можат да зиберат во која установа да ја остварат својата здравствена заштита . Цените на медицинските сервиси се стандардизирани на ниво на цела држава преку “Каталогот за Медицински Трошоци“ . Лековите имаат посебен стандардизиран каталог на цени ( позитивна листа ) .

За секоја медицинска услуга ( табела 1 ) , здравствениот осигуреник освем 8,5% кои ги одделува за здравствено осигурување
осигуреникот за секоја медицинска услуга плаќа додатни 20 или 30 % . Остатокот од цената за здравствената улуга , медицинската установа парите ги побарува од здравствената компанија ( фонд ) каде пациентот е осигуран .

 

Приказ 1 .Систем на плаќање во Јапонскиот систем на здравствено осигурување

 

Обем на здравствен третман кој е обфатен со здравственото осигурување

 

Обемот на здравствен третман кој е обфатен со здравственото осигурување е објаснет во приказот 2.

Основниот Националнен систем на Здравственото осигурување не важи за :

-физички прегледи
-посебна листа на лекови кои не се влезени во позитивната листа



трошоци за изнајмување на приватни соби во болниците
-додатни трошоци кои не се врачунати во првобитната калкулација
- Протетски услуги во Стоматологијата
- Дневни болнички услуги како што е исхраната
-
Очни леќи

Сите овие услуги можат да влезат со другите типови на здравствено осигурување ,за кои и повеќе се плаќа .

Основниот Националнен систем на Здравственото осигурување
важи за :

- Основна примарна здравствена заштита
-
Основна примарна Стоматолошка заштита
- Домашна грижа
- Лекови од позитивната листа
- трошоци на лекување на хронични болни
- Бонички трошоци за домашно лекување на постари лица
- трошоци за раѓање на дете
- трошоци за лечење на повреди и рани ( сообраќајни несреќи )

 


 

Национални трошоци за здравствено осигурување

 

Трошоците на национално ниво достигнале 10 трилиони јени во 1978 година , и продолжиле да растат во просек од еден трилион јени годишно , или 10.000 јени по осигуреник . Во 1990 година трошоците изнесувале 20,6 трилиони јени , а во 1996 година – 28,5 трилиони јени . Како што бројот на пензионерите растел така и нивотот на трошоците за здравствено осигурување се зголемувало .

Во Септември 1997 година е направена реформа во здравствениот осигурителен систем со :
- зголемување на процентот на партиципација на осигурениците и на пензионерите за медицинските услуги и за лекови .

Нивото на зголемување на медицинските трошоци се намалило од еден трилион годишно раст , во 1997 растот бил упола намален на 500 билиони јени , а во 1998 година растот на трошоците уште повеќе се намалил на 300 билиони јени годишно .