-
Соединети Американски Држави -

Краток осврт кон националниот
план за Здравствено Осигурување

Др. Натали Димовска
Фонд за Здравствено
Осигурување на Македонија

Вовед


Здравствено Осигурување , е осигурување дизајнирано за да се платат трошоците поврзани со здравствената заштита

Луѓето во USA здравствено се осигуруваат преку :
-Владини Агенции
-приватни здравствено осигурителни компании

Сите други Држави освем USA имаат здравствено осигурителен систем – финансиран од владата кој овозможува здравствено осигуруванје речиси за секој граѓанин . Овие земји на Западна Европа правото на здравствено осигуруванје го сметаат за едно од основните права на граѓанинот .

Но , во USA , здравствено осигурување е традиционално обезбедено од приватните осигурителни компании . Владата на USA оперира со одредени фондови и програми за здравствено осигурување ,но правото на нивно користење го имаат само две специфични групи на граѓани :
- Многу сиромашни луѓе и
- Стари , изнемоштени лица

Американците го плаќаат своето здравствено осигурување на повеќе начини :

- работниците можат да го овластат своите газди – тие на нивно место да им земаат дел од месечната плата и да вложуваат во некој приватен осигурителен фонд за здравствено осигурување кој самиот работник ќе го избере

- Работникот сам може од платата да си избере приватна осигурителна компанија која според него му ги нуди најдобрите услови , и таму месечно да одделува дел од својата плата за сопствено здравствено осигурување

- Целата фирма да има договор со одредена компанија за здравствено осигурување и работникот автоматски штом ќе биде примен на работа да влезе под капата на таа осигурителна компанија , на која по автоматизам ќе и дава дел од својата месечна плата за свое здравствено осигурување

- може воопшто да не плаќа , а сепак да си има работно место . Тогаш нема да биде здравствено осигуран и за секоја здравствена интервенција скапо ќе си плаќа од својот џеб


Пристап кон Здравственото Осигурување


Во 1997 U.S. Бирото за Попис поднесло известување дека околу 43,4 милиони луѓе во USA ( околу 16,1 % од популацијата ) не се здравствено осигурени. Тие без осигурување се најчесто само-вработени, привремено вработени или работат ниско платени работи , па не можат да имаат пристап кон ефтините планови за здравствено осигурување , спонзорирани од сопствениците на компаниите . На пример , околу една половина ( 49,2 %) од постојано вработените во ниско платените занимања биле неосигурени во 1997 година . Многумина од овие вработени не се во состојба да индивидуални здравствени осигурувања , но во исто време не се доволно квалификовани да бидат дел од владината програма на здравствено осигурување за ниско платени работници . Но сепак , и без осигурување , овие граѓани можат да добијат здравствена заштита безплатно или со редицирани цени во државните болници и амбуланти .

Исто така постојат и многу Американци кои не можат да купат ( да си овозможат) здравствено осигурување бидејќи Осигурителните компании ги сметаат тие луѓе за специјално висока ризична група на која и е потребна доста скапа здравствена нега .
Осигурителните компании го проценуваат ризикот кој го носат со себе апликантите за здравствено осигурување и потоа ги групираат по групи слични по својот ризик .
Американците кои се сметаат за среден ризик или за повеќе од среден ризик , тие можат да купат здравствено осигурување по релативно добра цена . Ако апликантот е премногу ризичен , осигурителните компании тоа го сметаат за тешко или речиси невозможно таа особа да добие здравствено осигурување .

На пример , некои компании нема да понудат осигурување на граѓани со позната предиспозиција кон развивање на рак и тие луѓе се од висок ризик бидејќи кога би добиле рак , би им требала доста скапа здравствена заштита која би била покриена од осигурутелната компанија . Постојат неколку осигурителни компании кои осигуруваат високо ризични граѓани по многу високи цени . Зголемените премии ( цени) кои граѓаните мораат да ги платат поради високиот ризик кој го носат со себе го прави здравственото осигурување за нив невозможно . Ист е случајот и за особи кои веќе во моментот им е потребна скапа здравствена заштита , како ќто е случајот со заболени од СИДА , на тие луѓе им е речиси невозможно да добијат здравствено осигурување .

Во последниве години трошоците за здравствена заштита во USA се драстично зголемени и за бенефициентите и за осигурителните копмании . На пример – во 1980 година владата USA има потрошено 247,2 милијарди долари за здравствена заштита . Во 1995 оваа сума е квадриплицирана – изнесувала 1040 милијарди долари за само една година .